Министерот Крешник Бектеши најави дека денеска е даден предлог од Министерството за економија до Владата да се утврди највисока маржа која ќе биде 10 отсто за трговците на електрична енергија.
Бектеши потенцираше дека предлогот е доставен за дополнително да им излезат во пресрет на компаниите, но и на јавните претпријатија кои се во сопственост на локалната и централната власт, како и основни и средни училишта.
Највисоката маржа е 10 отсто, што трговците ќе можат да ја стават за тие што ги снабдуваат на отворен пазар, а дополнително на тоа донесена е препорака која ја прифати Регулаторната комисија, за делот на маржите во краен случај која е намалена од 50 на 20 отсто.
Ако денеска цената на струјата изнесува 400 евра по мегават час, максималната цена што некој ќе ја плати е 440 евра. Со неодговорното однесување на некои компании, јавни претпријатија и други субјекти, тие плаќаат струја и по 600 евра, што ако навремено (во јануари) потпишеле договри, сегашната сметка ќе им била пониска за 160 евра. Во моментов на слободниот пазар има околу 1.500 компании, но и околу 500 институции од централната и локалната власт, изјави Бектеши
Ваквиот предлог беше на барање на стопанските комори, одреден период, додека трае оваа криза маржата на трговците со електрична енергија да се ограничи.
Одлуката се донесува за да се заштити од нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки и на предлог на Министерството за економија потребно е да почне да се применува пред отпочнување на грејната сезона од 15 октомври.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.