Македонија

Просечната плата во мај надмина 30.000 денари

25 Jul 2022

Според најновите објавени податоци на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 109.4. Или, просечната нето плата во мај годинава е за 9,4 отсто поголема од истата во мај минатата година и таа 31.407 денари или 510 евра.

Ваквото зголемување, според статистиката, во однос на претходниот месец се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна нето - плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.7 %), уметност, забава и рекреација (16.1 %) и преработувачка индустрија (14.3 %).

Намалување на просечната нето - плата, во однос на претходниот месец, април, е забележано во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (10.8 %), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.1 %) и административни и помошни услужни дејности (1.4 %).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...