Македонија

На 29 и 30 септември ќе се одржи AllWeb конференцијата - овојпат во Маврово

21 Jul 2022

На 29 и 30 септември, десет години по организирањето на првата конференција, во потполно ново руво и на нова локација, „Ресорт Маврово“ дигиталните мештани, номади и сите останати вљубеници и почитувачи ќе имаат можност да бидат дел од новото пост-пандемско издание на AllWeb, единствената дигитална конференција кај нас. 

Последниве години ни покажаа дека дигиталниот маркетинг, дигитализацијата и бизнис трансформацијата оправдано беа наши водилки во минатото. За компаниите повеќе нема друга иднина освен онаа која наложува комплетна интеграција на најновите технологии, комуникациски канали и менаџмент за ова ново време во кое чекориме храбро и кон метаверзумот,  вели Дарко Булдиоски, директор на програмата на AllWeb.  

Колку и како бизнисите одговараат на потребите на клиентите? Како новите бизнис модели им помагаат на компаниите да растат? Како влијаат промените во заштита на приватноста во маркетинг стратегиите и тактиките? Кои се новите (дигитални) сфери на кои мора да имаме фокус?  Ова се дел од прашањата на кои ќе понудат одговори, искуства и размислувања експертите во полето на дигиталниот маркетинг и бизнис трансфорамација.  

Овогодинешната конференција има сменет формат - два дена програма која вклучува четири различни сегменти на официјален и неофицијален дел. Покрај одличните говорници тука е и можноста за уживање во природата, а „Ресорт Маврово“ ќе овозможи и специјална пакет понуда за сместување за учесниците на AllWeb. 

За да ги задоволат потребите на својата публика, организаторите од вчера во продажба пуштија ограничен број билети по супер ниска цена. Понудата ќе важи до 10 август, а сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно ќе се дополнуваат на allweb.mk, каде што можат да се набават и влезниците за настанот.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...