Македонија

Реотворена реновираната dm во Куманово

15 Jul 2022

По речиси еден месец реновирање, вчера (14 јуни) беше реотворена дрогеријата dm во Куманово.

Старо-новата дрогерија на dm, на улицата Маршал Тито, бр. 1, се простира на продажен простор од 293,15 квадратни метри, а располага и со дополнителни 42,87 квадрати магацински простор и 25,14 квадрати помошен простор. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето се проширени одредени категории производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри искуството за пазарување на купувачите, но ќе се олесни и функционирањето на дрогеријата.

Како компанија, во чии работни принципи е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Овојпат, дел од прометот остварен на денот на реотворањето беше дониран на детската градинка „Ангел Шајче“ – Куманово.

Дрогеријата на dm во Куманово беше отворена во 2017 година. По речиси петгодишно работење, на средината од јуни продавницата беше затворена поради реновирање.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...