Македонија

Куманово го доби првиот dm

29 Sep 2017

Вчера, во 9 часот наутро, беа отворени вратите на првата дрогеријата dm во Куманово, лоцирана на градскиот плоштад, на улицата Маршал Тито бр. 1.

Новиот продажен објект на dm е со вкупна површина од 361,16 квадратни метри, од кои, 293,15 квадратни метри се продажен простор, а 42,87 квадратни метри магацински простор. Од „дм дрогерие маркт" информираат дека посетителите на денот на отворањето биле услужувани на четири каси, додека во редовното пазарување,активни ќе бидат две наплатни каси.

Покрај големите попусти, на денот на отворањето, посетители беа пречекани во позитивна атмосфера, за која се погрижија ди-џеј Баже и бројни аниматори, облечени како омилените цртани херои за најмалечките.

Општествената одговорност на dm како компанија, и овојпат не изостана. Вчера, од 17 до 18 часот на касата во новата дрогерија потрошувачите беа услужувани од рап изведувачот Тајзи, а собраните средства се наменети за донацијана ЈЗУ Општа болница „Куманово".

Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 13 продажни објекти, од кои 10 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес и во Куманово.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...