Мрежата на националниот синџир супермаркети „Жито“ се проширува во Скопје. Најнов на листата новотворени објекти е маркетот во Ново Село, ул. Лука Ѓеров, бр. 107, во скопската општина Ѓорче Петров.
Новоотворениот маркет е со вкупна површина од 344 квадратни метри, од кои 305 се продажен простор. Ангажирани се дванаесетина вработени, а маркетот располага со три наплатни каси.
Ја продолжуваме нашата деловна политика на проширување на мрежата, со цел да го донесеме „Жито„ колку што е можно поблиску до секој потрошувач. Нашите ценети потрошувачи може да очекуваат пријатни изненадувања – и во однос на политиката на цени и во однос на понудата што ја имаме, велат одговорните од „Жито“.
Асортиманот го сочинуваат различни категории производи, вклучително и приватната трговска марка 5ка. Маркетот располага и со оддел за свежо овошје и зеленчук, кој секојдневно се надополнува од доставувачот Fruit Land.
Со новоотворената продавница во скопско Ново Село, мрежата на „Жито“ во главниот град достигна до 19 објекти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.