Овие денови бевме сведоци на една несекојдневна глетка низ нашите главни улици во градот Скопје, каде група луѓе носеа и движеа син круг на кој е испишана паролата „Не е лесно да се живее во синиот круг“.
Со интересна и креативна инсталација, синиот круг го привлече вниманието на граѓаните, предизвикувајќи заинтересираност и љубопитност да дознаат што значи.
Станува збор за акција што е иницирана од „Жито лукс“, а има за цел да ја подигне свеста за дијабетесот како едно од најчестите хронични заболувања на денешницата.
Синиот круг претставува глобален симбол за дијабетес. Лицата со дијабетес се соочуваат со секојдневни бројни предизвици меѓу кои посебниот начин на исхрана што овие лица ги прави вистински борци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.