Македонија

Награда за „Витаминка“ за општествена одговорност

09 Jun 2022

„Витаминка“ се закити со ѕвездена статуетка и титула „Ѕвезда против ковид 19“, доделена од Банка за храна на Македонија, непрофитна, хуманитарна организација која им помага на сиромашните и гладни граѓани.

Наградата е доделена за помошта од компанијата во храна наменета за поединци и семејства кои се во социјален ризик, особено во време на пандемијата од ковид 19. Наградата беше врачена на манифестацијата организирана од Банка за храна по повод остварувањата и наградување за сите општествено одговорни поединци, субјекти и институции во битката со ковид 19.

Како компанија што е дел од заедницата, општествената одговорност на „Витаминка“ кон граѓаните е дел од нашето секојдневно работење. На донациите во храна, не гледаме само како на обврска туку како помош кон некому што му е потребна, затоа што најголема несреќа е некој да нема храна и средства да го нахрани семејството. Оваa награда денеска е доказ дека вистински сме придонеле за тоа и сме помогнале каде и кога било најпотребно. Секоја можност ја кориситиме за да помогнеме, да донираме што поголеми количества храна, но и и да поттикнеме и другите, компании, ресторани, синџири на маркети да се вклучат во проекти за донирање храна и со тоа да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во „Витаминка“.

Препознаена како општествено одговорна компанија со фокус на семејствата во социјален ризик, „Витаминка“ заради ваквата своја активност доби признание и од Хуманитарната организација „Свети Спас“ поради постојаната поддршка на иницијативите на организацијата и честите донации во храна и производи за штитениците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...