Македонија

„Прилепска пиварница“ се закити со две светски награди

03 јун 2022

„Прилепска пиварница“  за минатата 2021 година доби две завидни признанија од групацијата „Пепсико“, и тоа: „PEPSICO - 3PM Excellence Award”  - за одлични перформанси и соработка и  можеби уште попозната и попрестижна -  „Caleb Bradham Quality Excellence Award“. 

Quality Excellence Award не е новина за „Прилепска пиварница“ која во својата голема колекција веќе има неколку вакви престижни признанија. 

„Caleb Bradham Quality Excellence Award“ е навистина посебна и специјална за сите произведувачи на пијалаци на светско ниво од гамата на „Пепсико“, бидејќи е именувана по г. Кејлеб Дејвис Бредам,  култниот американски фармацевт – „таткото“ на безалкохолниот пијалок Pepsi. Сето тоа изразено илустративно, би било прикажано вака: „Кога мајсторот му оддава почит и признание на ученикот за одлично завршената работа“ или кога „таткото на Pepsi“ ве пофалува и наградува пред целиот свет дека вие произведувате и правите одлично Pepsi - на светско ниво!, соопштија од „Прилепска пиварница“. 

Caleb Bradham наградата е круна на вистинскиот вкус, квалитетот и безбедноста на производството и високи перформанси на процесите, според ултра високите стандарди на „Пепсико“. Оваа награда се доделува еднаш годишно само на неколку компании во целиот свет. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...