Македонија

Ексклузивно: InStore na Саемот ПЛМА во Амстердам

30 мај 2022

(Максим Ѓуровиќ, наш известувач од ПЛМА во Амстердам) 

На овогодинешниот Саем на приватни трговски марки, како и претходните годините, InStore е единствен регионален медиум кој има претставник на лице место. Во следните два дена следете ги вестите за случувањата на Саемот и за настапите на нашите компании

Најголемиот светски саем на приватни трговски марки, „Светот на приватните трговски марки“ во организација на ПЛМА (здружение на производителите на приватни трговски марки) почнува утре во РАИ изложбениот центар. Овогодинешниов собир ќе биде најголем досега, како резултат на порастот на приватните трговски марки во Европа и ширум светот. 

Повеќе од 15.000 купувачи и посетители од повеќе од 120 земји ќе се соберат во Амстердам. Во изложбениот простор, посетителите ќе имаат прилика да се запознаат со повеќе од 2.500 компании - излагачи, производители и дистрибутери на стока за широка потрошувачка од повеќе од 60 земји. Изложбениот простор опфаќа 41.500 квадратни метри, а повеќе од 60 национални штандови ќе ги претстават своите производи. Тука има категории за свежа, замрзната и разладена храна, намирници и пијалаци. Исто така, застапени се и непрехранбени категории кои вклучуваат козметика, средства за домаќинство, авто козметика, градинарска опрема и друго. 

Една од најпопуларните атракции на саемот е ПЛМА Идеа Супермаркет - повеќе од 60 трговци од цел свет ќе претстават 500 иновативни производи изложени на гондоли. Исто така, дел од Идеа Супермаркет се и победничките малопродажни производи ПЛМА со меѓународните награди Salute to Excellence Awards za 2022 кои им оддаваат признание на трговците за иновациите и квалитетот во креирањето на нивните програми за приватни трговски марки. New Product Expo, пак, претставува иновации во производите и пакувањата на овогодишните излагачи. Повеќе од 500 производи, поделини во 8 категории, кои ги пријавија речиси 420 излагачи од 42 земји ќе бидат изложени во витрините за сите посетители и изложувачи да можат да ги видат. 

Денеска на програмата е конференциски дел, кој почна со најавата за наградата PLMA International Salute to Excellence за иновативни производи од трговци од цел свет. Оваа година повеќе од 500 производи беа оценувани во категориите храна и пијалаци, домашна хемија, козметика и вино. Жирото е составени од експерти од ФМЦГ индустријата, поранешни трговци, академици и новинари. Победничките производи можат да се видат во рамки на Идеа Супермаркет каде се изложени наградените линии приватни трговски марки. 

После воведниот дел, имавме можност да слушнеме интересна презентација на организаторот на тема: „ Дали Европјаните некогаш ќе купуваат исто? Просечни однесувања на потрошувачите после пандемијата“. Следното предавање со наслов „Нилсен трендови кај приватните трговски марки - преглед на најновите податоци и трендови за уделот на пазарот од земја до земја“ го одржа Себастиан Бухолц, сениор-консултант за аналитика во „Нилсен“. Последната презентација на тема „ Состојба со намирници во Европа: навигација низ ветриштата на пазарот, нови сознанија и перспективи кои најверојатно ќе ја обликуваат европската малопродажба на намирници во 2022 година и пошироко“ ја одржаа претставници на „МККинси&компани“. 

За организаторот:
Организатор на Саемот е Асоцијацијата на приватни трговски марки (ПЛМА), непрофитна организација основана во 1979 година со цел да ги промовира приватните трговски марки (ПЛ). Тоа е единствена организација од таков вид и претставува повеќе од 3.500 компании од 70 држави од светот. Нејзини членови се во распон од мултинационални корпорации до мали семејни компании. За повеќе информации можете да ја посетите страницата www.plmainternational.com. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...