Македонија

Во тек е изработка на нов закон за вино

19 Apr 2022

Во тек е изработка на нов Закон за вино, во кој фокусот се става на географските ознаки, заштитата на различни виногорија, но и регистрацијата на организации,коишто се репрезенти на производителите на грозје и вино. 

Оваа најава дојде по синоќешната средба во Кавадарци на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски со лозарите, производителите на вино, пратениците и градоначалниците од тиквешкиот регион. 

Николовски најави дека законот ќе биде ќе биде функционален, долгорочен и стратешки сеопфатен.

-Го слушаме гласот на лозарите и производителите на вино и заеднички, здружено ги решаваме сите предизвици. Фокусот на законот е ставен на договорното производство и кај секторот на лозарството и винарството,заштитата на различни сорти, а клучна улога во организациите ќе имаат минимум 50% од производителите на вино, изјави Николовски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...