Македонија

Нов „Тинекс“ во Аеродром

15 апр 2022

Денеска (15 април) трговскиот синџир „Тинекс“ го отвори новиот маркет на улицата Методија Шаторов Шарло, бр. 1 (локал 10) во рамките на Порта Аеродром.

Со отворањето на новиот објект продолжуваме да ја реализираме визијата за проширување на нашиот синџир маркети, со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите со одлична услуга и широк асортиман на производи, соопштуваат од компанијата.

Новиот маркет се простира на површина од 360 квадратни метри и потрошувачите ќе имаат избор од асортиман со повеќе од 4.000 производи од најразлични категории. Освен редовните оддели, во маркетот има и оддел со богата понуда на свежо овошје и зеленчук, месарница со свежо и квалитетно месо, преработки од месо, како и оддел за сувомесни и млечни деликатеси. Од компанијата информираат дека асортиманот се состои од производи од домашно потекло, како и производи од увоз што се достапни единствено во синџирот на „Тинекс“.

Во новиот маркет потрошувачите ќе ги опслужуваат 15 вработени на 2 наплатни каси.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...