Македонија

Основано Друштво на словенечки и македонски стопанственици

14 Apr 2022

Бизнисмени од Словенија и од Македонија вчера формираа Друштво на словенечки и македонски стопанственици.

Амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Предан, на основањето на Клубот потенцираше дека ова е многу важен момент за стопанствениците од двете држави како и за амбасадата, која последните години вложуваше многу напори, дa cе основа овој бизнис клуб што ќе овозможи многу предности за двете економии. Задоволен сум што стопанската размена меѓу двете држави се зголемува и достигна рекордно ниво од 375 милиони евра, што е за 50 милиони евра повеќе во однос на пред кризната 2019 година. Во следните две -три години, се надевам нашата стоковна размена ќе достигне половина милијарда евра. Исто така, Словенија инвестира во Македонија околу 400 милиони евра, што е сериозна бројка во однос на големината на двете економии, рече Предан.

Според него, Друштвото ќе претставува уште еден партнер за комуникација со државните институции во Северна Македонија и ќе ги штити интересите на сопствените членови.

За прв претседател на Управниот одбор е избран Војдан Јорданов, извршен директор на „Триглав осигурување“, кој во оваа прилика потенцираше дека постои тренд на зголемување на инвестициите во двете земји и изрази задоволство што сѐ повеќе македонски компании веќе инвестираат во Словенија. Според мене, „здружениот збор железни врати отвора“ е појдовната мисла за ова друштво, изјави Јорданов.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...