Македонија

„Жито лукс“ донираше 2.000 пакувања леб преку Црвен крст

18 Mar 2022

Црвениот крст на Македонија доби вредна донација леб од „Жито Лукс“ , наменета за семејствата во социјален ризик, соопштија од компанијата.

„Жито Лукс“ достави околу 2000 пакувања леб кои ќе бидат распределени до семејствата што имаат најголема потреба од помош. 

Според Црвениот крст, оваа донација доаѓа во момент кога многу семејства се соочуваат со егзистенцијални проблеми и зборува токму за свесноста и грижата на компанијата за потребите на сите граѓани. 

Голема благодарност до „Жито Лукс“ за оваа вредна донација и тоа во најпотребниот момент за многу семејства. Реалноста што ја живееме сите, многу повеќе и посилно ја чувствуваат семејствата во економска незавидна состојба и нивните потреби во овој период се сведуваат на најнеопходни животни намирници како лебот, соопштија од Црвен крст. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...