За два дена казнети над 30 трговски субјекти кои не ја почитувале владината мерка за намалување на маржата или не поседувале евиденција за одредени производи. Од нив, осум се казнети со по 7.000 евра за правното лице и по 350 евра за одговорното лице, додека кај 12 маркети недостасувала евиденција за набавната и продажната цена.
Анета Симеска Димоска, директорка на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кажа дека за два дена, во петокот и во саботата, ДПИ направил 162 контроли.
На 11 март се казнети се 13 субјекти, од кои 8 со по 7. 000 евра затоа што не ги намалиле маржите на основните прехранбени производи, додека на 12 март казнети се 20 субјекти, од кои 8 за непочитување на мерката за намалување на маржата, а 12 за немање евиденција во трговијата, однсно непостоење фактори колкава е набавната цена, а колкава треба да биде продажната. Кај нив дополнително ќе се испитува кога се набавени производите, изјави Симоска Димеска.
За да се заштити стандардот на граѓаните поради поскапувањата на храната, Владата донесе сет мерки, меѓу кои намалување на маржата кај дел од производите од 5 на 3 отсто. Овде спаѓаат шеќерот, кравјото млеко, свежото месо, сирењето, урдата, македонскиот ориз, јајцата, шпагетите и макароните... Според Одлуката, без маржа, односно по набавна цена треба да се продаваат лебот, брашното и маслото за јадење.
Законот најмногу не се почитувал во Скопје, Охрид, Гостивар, Струга, Прибиштип и Струмица.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.