Македонија

СКСЗМ: Замрзнувањето на маржата е штетно за економијата

11 Mar 2022

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), по извршената анализа, констатира дека замрзнувањето на трговската маржа е штетно за економијата на земјата во овој период на криза, а анализата покажа дека е неопходно од листата на замрзнати производи со одлука на Владата да се тргнат солта, овошјето и зеленчукот.

Со оглед на кризата во која се наоѓа нашата земја, СКСЗМ реагираше на Одлуката за посебни услови за промет на одредени стоки, која стапи на сила од 1 март 2022 година, каде што ќе се замрзне бруто маржата на основните производи, не дозволувајќи им на стопанствениците да ги пресметаат логистичките и оперативните трошоци за тие производи, принудувајќи ги да работат со загуба, соопштија од комората.

За да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот, претставници на СКСЗМ на средбата што ја одржа со министерот за економија, Крешник Бектеши, ги изразија своите ставови дека треба да се менува членот 1 од првичната одлука, односно замрзнување на профитната маржа, а не на трговската маржа. Исто така, беше побарано да се отстранат од списокот на производи солта, овошјето и зеленчукот. Исто така, на оваа средба бизнис заедницата изрази разбирање за ситуацијата што ја зафати нашата земја, и се договорија леб бел и полубелиот, сончогледово масло за јадење и пченичното брашно тип 400 да се продаваат без профитна маржа во трговијата со мало.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...