Македонија

Доделени наградите за најуспешните е - трговци за 2021

11 мар 2022

Вчера се одржа свечената манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е - трговци.

Натпреварот се организираше во неколку фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Речиси 150 компании беа пријавени во 18 категории. Оние кои ги исполнуваа условите беа ставени на гласање од јавноста и во текот на јануари и февруари над 5.000 гласачи го дадоа својот глас за своите омилени е-трговци. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 11 членови.

По обработката на гласовите од јавноста и стручната жири комисија согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците.

На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: „Најдобри е-продавници по сектори”, „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и „Шампиони во е-трговија”, каде се додели и главната награда „Е-трговец на годината”.

Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:

Маркетплејс платформа на годината - grouper.mk
Е-продавница за облека и обувки на годината - fashiongroup.com.mk
Е-продавница за бела техника и електроника на годината - neptun.mk
Е-продавница за храна и пијалоци на годината - paket.mk
Е-продавница за туристички услуги на годината - grouper.mk
Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината - mytime.mk
Е-продавница за дом, мебел и градина на годината - smartliving.mk
E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината - svetotnabibi.mk
Е-продавница од областа на услужни дејности на годината - kliknijadi.mk

Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината - grouper.mk

Е-трговец со најдобра грижа за корисници - paket.mk (прво место)
Е-трговец со најдобра грижа за корисници - a1.mk (второ место)
Е-трговец со најдобра грижа за корисници - grouper.mk (трето место)
Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - paket.mk (прво место)
Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - kliknijadi.mk (второ место)
Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки - domato.mk (трето место)
E-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - grouper.mk (прво место)
Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - fashiongroup.com.mk (второ место)
Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми - neptun.mk (трето место)
Најдобра веб страна за плаќање на сметки - a1.mk
Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината - Агенција за катастар на недвижности

Добитници на награди во секцијата “Шампиони во е-трговија” се:

Најдобра новоотворена е-продавница - domato.mk (прво место)
Најдобра новоотворена е-продавница - peko.com.mk (второ место)
Најдобра новоотворена е-продавница - medicushelp.mk (трето место)
Најпопуларна е-продавница - zegin.com.mk (прво место)
Најпопуларна е-продавница - paket.mk (второ место)
Најпопуларна е-продавница - grouper.mk (трето место)
Е-трговец на годината за 2021 година - grouper.mk (прво место)
Е-трговец на годината за 2021 година - paket.mk (второ место)
Е-трговец на годината за 2021 година - fashiongroup.com.mk (трето место)

Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.  

Првите македонски награди за е-трговија беа овозможени благодарение на поддршката од Mastercard како генерален партнер и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, по нарачка на Германската влада. Златен партнер на Ecommerce Awards беше Iute Credit Macedonia, додека „Рамстор“, „Серафимов груп“ и НЛБ Банка беа сребрени партнери. А1Македонија беше комуникациски партнер на оваа иницијатива.

Наградите во е-трговија имаат за цел да ги препознаат и награди најдобрите, да придонесат за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна да придонесат и за зајакнување на конкурентноста и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.

Сите информации за натпреварот може да се погледнат на официјалната веб страница.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...