Македонија

„Жито“ со нов маркет во Влае

02 Mar 2022

Трговскиот синџир „Жито“ ја отвори новата продавница во Скопје, на улицата 1606, бр. 10, во Влае, општина Карпош.

Новиот маркет, кој е 18. продажен објект на овој трговски синџир во главниот град, е со површина од 310 квадратни метри и магацински простор од 110 квадратни метри. Има две наплатни каси, а за услугата се грижат десетина вработени.

Отворањето на уште еден во низата маркети во Скопје ја потврдува нашата деловна политика да се доближиме до потрошувачите што е можно поблиску. Од друга страна, тоа значи и дека ја оправдуваме довербата што ни ја укажуваат македонските граѓани, преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи, изјавија од менаџерскиот тим на „Жито“, и додаваат: Следењето на овој концепт е наш приоритет за задоволување на потребите на купувачите, кои добиваат вредност плус за нивниот буџет. Промовираме ценовна политика што го почитува паричникот на граѓаните.

Како што информираат од компанијата, маркетот во Влае е уреден во согласност со глобалните трендови за пазарување – располага со сопствен паркинг-простор, а овозможен е и пристап за луѓе со попреченост. Асортиманот вклучува различни категории производи, вклучително и сопствениот приватен бренд на „Жито“ – 5ка. Маркетот располага со оддел за свежо овошје и зеленчук, кој секојдневно се надополнува од доставувачот Fruitlend.

Работно време е од понеделник до сабота од 7:30 до 21:30 часот. Одговорните од „Жито“ најавуваат многу подароци, акции, промоции и други изненадувања за купувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...