Од утре се одмрзнуваат цените на основните прехранбени производи, а се ограничува трговската маржа за леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.
Според одлуката на Владата на трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот синџир, за овие стоки се утврдува трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.
Образложувајќи ја одлуката, министерот за економија Крешник Бектеши најавува засилени контроли. Казните за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката се движи од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на компанијата. Бектеши најави и Закон за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со храна кој ќе биде готов до крајот на март и ќе биде пуштен во собраниска процедура. Одлуката пак за ограничување на маржите ќе важи до крајот на мај.
Владата на почетокот на декември 2021 ги замрзна цените на основните прехранбени продукти до крајот на јануари 2022, а потоа мерката ја продолжи и до крајот на февруари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.