Македонија

Во јануари намален прометот со храна во малопродажбата

28 Feb 2022

Прометот во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во јануари  е намален номинално за  1,4 отсто, а реално за 8,5 отсто, покажуваат податоците на  Државниот завод за статистика (ДЗС).

Прометот, пак во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво  во јануари годинава споредбено со истиот месец лани номинално е е зголемен за 12,8 отсто, а реално за 9,9 отсто. Во  трговија на мало, освен трговија со горива прометот номинално е згоемен за 5,7 отсто, а реално за 0,6 отсто.

Кај  прометот со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 61, 5 отсто, а реално за 25,6 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...