Македонија

„Виталиа“ со признание за иновативност на саемот во Келн

03 Feb 2022

„Виталиа“ уште еднаш ги претстави своите слатки и здрави производи на престижниот саем за кондиторија, ISM 2022 во Келн. И оваа година, „Виталиа“ забележа уште едно успешно учество и оттаму се враќа со признание за иновативност, која ја доби за својата нова линија на пробиотски производи, соопштија од компанијата.

Меѓу производите кои предизвикаа најголем интерес кај присутните, па и кај медиумите, беше иновативната пробиотска линија на „Виталиа“, која освои признание за иновативност за 2022 година. Оваа линија се состои од два вида на производи: пробиотски колачиња и пробиотски овесни каши, кои се извор на протеин и растителни влакна, а притоа не содржат додадени шеќери. Со својата уникатна рецептура, повеќе од 3 милијарди пробиотици и 5 различни бактерии корисни за дигестивниот систем, пробиотската линија таргетира потрошувачи кои практикуваат внес на храна со додадена вредност и функционалност за одржување на внатрешен баланс и добра дигестија, отварајќи нов сегмент во категоријата здрава храна и придонес за раст на истата, велат од компанијата.

Дополнително, „Виталиа“ се претстави и во Innovation room со своите протеински кремови – слатки и здрави производи без шеќери, засладени само со нискокалоричната природна стевиа. 

Оваа година на саемот во Келн учествуваат повеќе од 1.800 производители од 76 земји од светот, а се очекуваат повеќе од 38.000 посетители од индустријата и сегментот кондиторија од сите континенти и страни на светот.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...