Вчера (15 декември) „Кам“ ги отвори вратите на реновираниот и проширен маркет во Илинден, на улицата 534, бр. 23.
Овој објект сега зафаќа површина од дури 553 квадратни метри и располага со сопствена пекарница и паркинг-простор.
Како и секогаш, „Кам“ ги задржува принципите на брзо и лесно пазарување, а асортиманот постојано го проширува со нови и свежи производи, нови линии на приватни марки и сè побогата програма на здрави продукти, изјавија за InStore од „Кам“ и додаваат: Продажната мрежа забрзано се проширува и модернизира низ целата територија на државата, но и надвор од неа, на пазарот во Косово и во Бугарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.