Стопанската комора бара од „Македонска берза“ да се одложи до 2023 година спроведувањето на новите правила за котација и Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва. Потпишани на барањето на Стопанската комора се 20 од најголемите компании во Македонија.
Стопанската комора бара новите правила и кодексот да почна да се применуваат од напролет 2023 година, а тоа да се вгради соодветна изјава во годишните изјави за работа за 2022 година. Измените и дополнувањата на правилата за котација и кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на „Македонската берза АД Скопје“ стапија на сила на 26 октомври 2021 година.
Компаниите-членки на Стопанската комора на 3 ноември годинава доставија иницијатива за одложување до „Македонска берза АД Скопје“, притоа подвлекувајќи дека кодексот е донесен без претходни консултации со бизнис-заедницата. Бидејќи од Берзата тврдат дека се направени консултации, сега 20 големи компании со своите потписи потврдуваат дека консултации не се извршени и уште еднаш бараат одложување на правилата и кодексот.
Од Комората додаваат дека со оваа иницијатива компаниите потврдуваат дека немало консултација со бизнис заедницата и укажуваат дека работат во исклучително тешки услови на здравствена, економска и енергетска криза, која наметнува огромни активности и дејствија насочени кон одржување на нивната деловна активност, односно насочена кон одржување и зголемување на нивната конкурентност, продуктивност, настап на странски пазари и слично. Поради тоа сметаат дека повеќе од потребно е да се излезе во пресрет на оваа иницијатива.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.