Компанијата „Киппер“ е прогласена за Топ 5 најуспешна компанија од страна на Стопанската комора на северо-западна Македонија која и годинава ја организираше манифестацијата Топ 100 компании.
Покрај „Киппер“, во првата петорка се и „Даути Комерц“, „Пофикс“, „Пуцко Петрол“ и „ АТС Груп“.
Наградата „најуспешно партнерство“ и припадна на компанијата „Вардар - Доломит“, награда за најдобар бизнис предводен од жена ја доби „Догаин Еир“ на Мерита Рамадани Алими. Наградата за екоинвестиција ѝ припадна на компанијата „Интернашионал фреш фоод“. На Ердин Османи му беше доделено признание за трансформацијата на бизнисот за усогласување со новите околности создадени од ковид-19.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој во минатото беше дел од управувачките структури на Стопанската комора на Северозападна Македонија, истакна дека ваквите настани се особено важни за да се истакнат успесите на компаниите и да се стимулираат и понатаму да растат и да се развиваат.
Честопати забораваме да пофалиме и наградиме добро завршена работа, дополнително, не смееме да занемариме дека во последните две години се соочуваме со непредвидлива здравствена и економска криза која ги стави на тест нашата отпорност, истрајност и борбеност што на овие признанија денеска им дава дополнителна тежина, рече Битиќи. Тој потенцираше дека и покрај здравствено-економската криза овие компании продуцирале поголем промет, извоз, зголемен број на вработени и повисок профит, во однос на 2019 година.
За растот на компаниите во Стопанската комора на Северозападна Македонија, говорат бројките кои растат секоја година. Во 2018 годишниот промет на „Топ 100″ најуспешни компании беше 750 милиони, во 2019 година имале годишен обрт од 900 милиони и во кризна година во која најголем дел од економиите имаа пад „Топ 100″ најуспешните имаат раст од 2,61% а постигнале ниво од 920 милиони евра обрт. Бројки кои говорат дека нашите претприемачи знаат и умеат и во најтешки времиња да најдат можности дури и да растат. Истотака, многу добри позитини резултати се рефлектираат и во показателите за нето добивката која што во континуитет расте. Ако во 2018 година реализираната нето – добивка на најуспешните 100 компании беше 56,5 милиони евра ,во 2019 година 66 милиони евра, во КОВИД период на 2020 година вие постигнавте раст до 9,87% и достигнавте до нето добивка од 73 милиони евра, посочи Битиќи.
СКСЗМ веќе 11 години го организира овој настан на кој ги прогласува најуспешните компании членки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.