Македонија

Четири нови совети во Стопанската комора

09 Dec 2021

Од денеска почнуваат со работа четири нови совети на Стопанската комора на Северна Македонија. Новиот концепт на работа насловен како „Комора на иднината“, како што информираат од Комората, е на барање на компаниите.

Клучната промена е функционирањето на четири нови совети фокусирани на развој, иновации и знаење, кои треба да креираат алатки за таа цел како што се Институт за извоз, Школа за бизнис лидери, Клуб на извозници, Клуб на старт ап компании, Модули за поддршка на мали и средни претпријатија, Берза на труд, преквалификации, вмрежувања, едукација, како и организирање на меѓународни конференции, соопштија од Комората. 

Советите веќе се конституирани, со усвоени програми за работа и финансиски планови и во нив членуваат звучни имиња од бизнис заедницата, научната и академската фела. 

Минатонеделниот заеднички настап на компаниите од Западен Балкан на саемот во Тирана, промоцијата на платформата за дигитализација на процесите за издавање на е-сертификатите за потекло и почетокот на работа на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, потврдуваат дека големиот проект „Комора на иднината“ веќе се имплементира. Тоа е постигнато со макотрпна и упорна работа на Комората во изминатите 15 години, кога од амбисот успеа да во своите редови денес ги има десетте најголеми, најпрофитабилни и извозно ориентирани компании, како и десетте најуспешни бизнисмени, десетте најдобри коморски кадрови во државата, десет регионални експерти итн. На тој начин во пресрет на 100 - годишнината од своето основање, докажува дека е трасиран патот и за наредниот 100-годишен период, наведуваат Комората во соопштение.

Комората е добитник и на наградата „Дигитален шампион за 2021 година“, што на министерската конференција на Светската трговска организација во Женева, ја доделија WTO, ICC и ITC, во конкуренција од повеќе од 100 апликанти. Според компаниите - членки на Комората, придобивките се поголеми од очекувањата и тие бараат Комората да продолжи со дигитализацијата во сите процеси.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...