Денеска (1 ноември) синџирот хард-дисконти „Киппер“ го отвори новиот маркет во Охрид. Ова е 73. маркет во малопродажната мрежа на компанијата.
Новиот „Киппер“ е на улицата Гоце Делчев, бр. 86А на вкупна површина од 724 квадратни метри, од кои 601 се продажен простор, 86 се магацински, а 37 квадрати се други простории. Маркетот располага со три наплатни каси, а за услугата се грижат вкупно 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.400 различни артикли.
Плановите за проширување на синџирот остануваат – следните локации се Гостивар, Аеродром, Радовиш, Струмица, Тетово, Желино и Бервеница, изјавија за InStore од „Киппер“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.