Македонија

„Тинекс“ ќе има каси за самонаплата во маркетот во „Ист гејт мол“

27 Oct 2021

Компанијата „Тинекс“ задутре во „Ист гејт мол“ ќе ги отвори вратите на две нови продавници - супермаркет „Тинекс“ со нов концепт кој е комбинација од „Тинекс“ маркет и „Деликатесен Тинекс“ (со што ќе биде прв од ваков тип на супермаркет на компанијата) и парфимерија „Космо“. 

„Супер Тинекс“ е на површина од 2000м2 и ќе има асортиман од над 30.000 производи. На касите за самoнаплата потрошувачите брзо, лесно и сигурно во само неколку чекори ќе може да ги купат посакуваните производи. Со оваа иновација Тинекс ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење, соопштија од компанијата. Во рамки на супермаркетот ќе има различни оддели како пиљара со богат избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје, органски производи, месарница снабдена со свежо телешко, јунешко и свинско месо, месни преработки, оддел за зреено месо, ексклузивна винарија, пекара во која ќе се подготвуваат свежо печени леб и бели печива, рибарница со голем избор на морски плодови и риби како и оддел со декорации и опрема за домот. 

„Космо“ е на продажен простор од 300м2 на кој се изложени парфеми, селективна, декоративна и органска козметика и ексклузивен накит од познати шпански и италијански дизајнери.

По повод отворањето, „Тинекс“ и „Космо“ подготвуваат акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот ќе бидат организирани специјални понуди.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...