Собранието со 80 гласа „за“ ги донесе измените во Законот за облигациони односи според кои каматата ќе престане да тече во оној момент кога нејзиниот износ ќе го достигне износот на главниот долг. Односно ако имате долг од 5.000 денари, каматата која ќе треба да ја платите, нема да може да ја надмине сумата од 5.000 денари. Измените ги важат за сите граѓани и фирми.
Граѓанските организации ги поздравија измените, но според нив разочарувачки е што во измените не се опфатени и старите долгови.
Од владејчаката СДСМ, која ги поднесе измените до Собранието велат дека на овој начин се исправа уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите.
Законското решение ќе важи за сите, и за граѓани, и за компании и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично, соопштија од СДСМ.
Законските измени ќе важат за долгови кои ќе ги имаат граѓаните и фирмите од 1 октомври годинава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.