Македонија

Компаниите планираат да инвестираат повеќе од 160 милиони евра

13 сеп 2021

Во следните 12 месеци приватните компании планираат да инвестираат повеќе од 160 милиони евра, покажува анкета на Стопанската комора.

Од септември 2021 до август 2022 година, 93,8% од приватните компании планираат инвестиции, во вкупна вредност од 161.054.020 евра. Ова се податоците од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), на тема „Инвестиции на компаниите членки на СКСМ во следните 12 месеци (септември 2021 – август 2022 година)“.

Антонета Манова Ставреска од Стопанската комора на денешната прес-конференција истакна дека инвестициите се клучот за заздравување на македонската економија во периодот на пандемија, но подолгорочно и за остварување на неопходните стапки на пораст на БДП од над 5%, со цел да се оствари побрза конвергенција со дел од земјите од ЕУ.

Во споредба со 2019 година, последната компаративна година пред пандемијата, 75% од компаниите се изјасниле дека планираните инвестиции во следните 12 месеци се повисоки, а 37,5% изјавиле дека зголемувањето во споредба со 2019 година ќе биде за повеќе од 51%. Планираните инвестиции од 161.054.020 евра се распределени на следниот начин: машини и опрема 58.674.372,36 евра, што е 64% од вкупниот планиран износ за инвестиции; згради и земјиште 33.811.400 евра или 21%; ИКТ и софтвер 24.927.191,36 евра или 4,2%; други капитални инвестиции 36.804.136,78 евра или 22,9% од вкупниот планиран износ на инвестиции, рече таа.

Компаниите сметаат дека рализацијата на планираните инвестиции ќе придонесе најмногу за: зголемен промет (79,2%), зголемена добивка (75%), отворање нови работни места (72,9%), зголемено производство (68,8%) и зголемување на извозот (52,1%).

Вкупниот ефект на државата, посочи таа, во смисла на поголеми приходи на буџетот по основ на даноци, царини, акцизи, придонесис од плати, дозволи и сл., е 58.198.026 евра, што е еквивалентно на 36,1% од планираните инвестиции.

Според компаниите, ограничувачки фактори што може да влијаат на реализацијата на планираните инвестиции (компаниите имаа можност за избор на повеќе фактори) во следните 12 месеци се: законската регулатива и трошоците (даноци, парафискални давачки, дозволи – 62,5%; инфраструктурата – 43,8%; недостиг на соодветно квалификувана работна сила – 41,7%; недостиг на средства – 35,4%; намалена побарувачка за производите/услугите – 33,3%; други фактори – 18,8%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...