Македонија

БДП се зголеми за 13,1% во вториот квартал годинава

07 Sep 2021

Стапката на пораст на бруто-домашниот производ (БДП) за вториот квартал од 2021 година е 13,1%, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2%, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4%.  

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во вториот квартал пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46%; Б, В, Г и Д – рударство и вадење на камен; преработувачка индустрија; снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4%  и Ѕ – информации и комуникации од 5,7%.

 Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...