Македонија

Донација на „Бимилк“ за сладок почеток на учебната година

06 Sep 2021

„Бимилк“ на првачињата од најголемите училишта во десетте најголеми градови во државата, им посака среќен и успешен почеток на учебната година со донација на Битолско чоколадно млеко. Секое прваче од овие училишта доби по 4 пакувања Битолско чоколадно млеко со 10 витамини од 250 мл со што вкупната донирана количина е 1,5 тони млеко.

Поаѓањето во школо и првото влегување во училишните клупи е радосен чин и момент што секое прваче треба да го запомни како убаво и среќно искуство. Исто така, ова е момент кога децата влегуваат во нова фаза од животот каде треба да научат многу, да ги изградат своите квалитети и да ги препознаат вистинските вредности во животот. Затоа, со оваа донацијата сакаме да им честитаме на првачињата, да им посакаме среќа на тој пат и успеси во понатамошното школување, велат од „Бимилк“.

При донацијата за првачињата компанијата избра производ којшто освен што го сакаат децата уште и ги содржи десетте најважни витамини за развојот на децата и за зајакнување на имунитетот, што е, исто така потребно и важно во овој период.

„Битолска млекара“ е компанија која при развојот на своите производи ги следи потребите и барањата на своите потрошувачи и доставува производи што се истакнуваат со висок квалитет и збогатен хранлив состав. Оваа акција за сладок почеток на учебната година е почната во 2017 година кога компанијата посетуваше повеќе основни училишта низ земјата, а од Бимилк велат дека „слатката“ традиција за првачињата, и учениците воопшто, ќе продолжи и понатаму.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...