Македонија

Отворен е првиот „Киппер“ во Ресен

01 Sep 2021

Во понеделникот (30 август) беше отворен новиот „Киппер“ во Ресен, на улицата Ленинова бр. 1.

Ова е 71. маркет во малопродажната мрежа на хард-дисконтерот.

Новиот „Киппер“ се протега на вкупна површина од 665 квадратни метри, од кои 470 квадратни метри се продажен простор, 157 се користат како магацински, а 38 квадрати се за дополнителни простории. Во него има три наплатни каси, а за услугата се грижат 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.700 видови артикли.

Планот за отварањето нови објекти е според досегашната динамика – следуваат маркетите во Куманово, Радовиш, Брвеница, Желино, три маркета во Скопје итн., а активно се бараат локации и во другите градови каде што сме и не сме присутни, изјавија за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...