„ТАВ Македонија“ го смени Протоколот за управување со аеродромите во време на пандемија откако Владата донесе нови мерки и препораки за заштита од Ковид-19. Според новите правила од вчера од 21 часот влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување на еден од три сертификати односно пропусници.
Граѓаните кои сакаат да влезат можат да го сторат тоа со сертификат за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19. За влез може да се приложи и потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од PCR, не постар од 72 часа. Влезот е овозможен и со брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.
Ова не се однесува на лица под 18 години. Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата „заминување ц“, додека излезот е на вратата „пристигнување б“ , стои во изветсувањето од „ТАВ Македонија“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.