Македонија

„Пекабеско“ донира над 5.000 прехранбени производи за опожарените подрачја

13 Aug 2021

„Пекабеско“ донира над 5.000 прехранбени производи за граѓаните кои живеат во областите зафатени од големите пожари. Донацијата е од програмата на компанијата за конзервирана храна, а се реализира во соработка со Црвен Крст кој ги дистрибуира овие пакети со храна до најпогодените граѓани во опожарените подрачја ширум Македонија.

Наша обврска како компанија е да помогнеме во вакви тешки моменти за нашите сограѓани. Пандемијата, но и ваквите елементарни непогоди секогаш треба да не потсетуваат дека поддршката и солидарноста во вакви времиња се повеќе од неопходни. Грижата за заедницата подразбира несебичност во најтешки моменти. Токму затоа, и овојпат би сакал да ги повикам и охрабрам сите наши партнерски компании да го следат ваквиот пример и во рамки на своите можности да склучат партнерства за поддршка на хуманитарните организации како што е Црвениот крст, изјави првиот извршен директор на „Пекабеско“, Слободан Кутревски .

„Пекабеско“ e долгогодишен партнер на Црвениот крст. Покрај донација на пакети со храна за најзагрозени семејства, реализира и годишна соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот крст на Град Скопје преку донација на производи. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...