Манифестацијата „Тиквешки гроздобер” годинава нема да се одржи поради превентивните ковид - мерки, одлучи Советот на општина Кавадарци.
Советниците на седница одлучија да ја изземат оваа точка од дневниот ред.
Според програмата, манифестацијата требаше да биде тридневна и да се организира во септември. Предвидени беа дегустации на традиционална храна и тиквешки пијалоци, изложба на олдтајмери, два карневала, како и забавно - музичка програма.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.