Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) „Алма М“ врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:
1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл
Сериски број/лот- PL1048
Рок на употреба: до 28.02.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен
оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Франција
2.Сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1118,MI1119
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен
оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска
3. Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1117
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен
оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска
Горенаведените производи, во количина од 3. 080 литри и 30. 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно,
забрането е негово ставање во промет, соопштија од Агенцијата за храна.
Од „Алма М“ претходно соопштија дека залихите од засегнатите производи веќе се ставени во карантин и започнато е нивно повлекување.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.