Македонија

Прв „Зендолино“ во Скопје

27 јул 2021

Вчера (26 јули) беше отворен првиот „Зендолино“ во Скопје, на улицата Димче Мирчев, бр. 20, наспроти Министерството за внатрешни работи.

Новиот маркет се протега на површина од 710 квадратни метри. За услугата се грижи тим од 18 вработени, а потрошувачите имаат на располагање три наплатни каси.

Асортиманот е широк како и во сите други маркети „Зендолино“, со тоа што во оваа продавница дополнително има и оддели за готова храна и за свежо месо. Овој маркет е деветти по ред во нашата малопродажна мрежа, а следува и десеттиот објект, кој ќе биде отворен во Радовиш, изјавија за InStore од компанијата.

„Зендолино“ е трговски синџир што работи од 1992 година и е присутен во источниот дел од земјава: Штип, Кочани, Свети Николе, Струмица и Пробиштип.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...