Наскоро, на вашите бироа ќе ги добиете изданијата од најновиот проект на InStore и „Кликер маркетинг“ – првата Мапа на дистрибутери, а по големиот интерес и бројните позитивни коментари од минатата година, и второто издание на Мапа на трговци.
Мапата на дистрибутери изобилува со информации за работењето на дистрибутерите, анализи и истражувања. Објавени се релевантни анализи на пазарот – дистрибутивни компании според големина и регионална покриеност, приходи, број на вработени, информации за брендови и приватни трговски марки. Извори на информации се дистрибутерите, како и реномирани истражувачки агенции и признати експерти. Содржи анализа за дистрибуцијата на македонскиот пазар, мапа на топ -15 компании според приходи од продажба на производи во 2020 година, анализа на финансиските резултати на логистичките компании, трендови во во синџирите на снабдување...
Мапата на трговци содржи InStore - анализа за работата на трговците, анализи од истражувачки агенции од Македонија, од регионот и од светот, совети, трендови...Тука можете да ја прочитате анализата на InStore за малопродажбата на македонскиот пазар, анализа на сегментот трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, кој е профилот на македонскиот купувач, истражување за онлајн - пазарувањето во Македонија, мапа на топ- 5 компании според приходи од продажба на производи во 2020 година, урбана наспроти субурбана малопродажба, постпандемски совети за трговците и уште многу други содржини.
Ги очекуваме Вашите коментари!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.