Фурнаџиски леб со кисело тесто е уште еден нов производ кој нашиот најголем производител од мелничко-пекарската индустрија, „Жито лукс“ го понуди на пазарот.
Подготвен од природни состојки по специјална рецептура со кисело тесто и во две варијанти, како пченичен бел и интегрален пченичен леб, новиот леб има арома и автентичен вкус на домашно подготвен леб.
Киселото тесто, како клучна состојка кај новиот производ, нуди природна форма на квас што го подобрува вкусот и хранливата вредност на пекарските производи. Фурнаџискиот леб со кисело тесто има одличен вкус, свежина и густа структура и е идеален за оние кои бараат автентичен, вкусен леб. Овие два нови производи се практично исечени на парчиња кои се свежи и меки и идеални за подготовка на сендвичи или како основа на секој оброк, соопштија од „Жито лукс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.