Македонија

Лозарите бараат „вранецот“ да се откупува за 13, а „смедеревката“ за 11 денари

09 Jul 2021

Тринаесет денари за килограм грозје од винската сорта „вранец“ од 19 малигани и 11 денари за „смедеревка“ од 17 малигани, плус субвенции од по два денара за килограм грозје од државата, бара Здружението „Тиквешки лозаро - овоштари“.

За ова денеска на прес-конференција информираше Дане Јошев, претседател на регионалното здружение. Тој рече дека доаѓа време за берба на грозјето и лозарите очекуваат винарниците што побрзо да кажат по кои цени, за која шеќерност на родот, ќе го вршат откупот.

Јошев јавно побара да се доплатат сите финансиски средства кои им се должат на лозарите. Ги повика земјоделците од Тиквешко да присуствуваат на мирниот протест в понеделник во Прилеп, со барања за подобри денови во земјоделството.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...