Утре dm ќе ја отвори првата дрогерија во Охрид, лоцирана на ул. 7. Ноември бр. 179.
Новиот продажен објект ќе биде со вкупна површина од 458,90 m2, од кои 383,08 m2 продажен простор, а 47,13 m2 магацински простор, како и 28.69 m2 помошен простор. Лоциран е на улица 7 ноември бр.179. Работното време на оваа дрогерија ќе биде од понеделник до недела од 8 часот до 22 часот.
По повод отворањето, ќе има 15 отсто попуст на сите, па и на веќе намалените производи; до 30% попуст на одредени гелови за туширање (на што дополнително на каса се пресметува попустот од 15% ); до 45% попуст на одредени производи за нега на мажи (на што дополнително на каса се пресметува попустот од 15%).
Општествената одговорност на dm ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ООУ „Климент Охридски“ од Охрид, соопштија од компанијата.
Дрогериите на dm со својот асортиман имаат повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта.
Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 20 продажни објекти, од кои 12 во Скопје и по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.