Вчера (5 јули) беше отворен новиот „Киппер“ во општина Гази Баба, на улицата Чаирска, кој е 69. маркет во малопродажната мрежа на хард-дисконтерот.
Новиот „Киппер“ се протега на продажна површина од 270 квадратни метри и располага со дополнителен магацински простор од 50 квадрати. Во него има две наплатни каси, а за услугата се грижат 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.900 (не)прехранбени артикли.
Планот за отварањето нови објекти е според досегашната динамика – следуваат маркетите во Липково, Ресен и Драчево, а активно се бараат локации и во другите градови каде што сме и не сме присутни, изјавија за InStore од „Киппер“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.