Македонија

Нов „Рептил“ во Автокоманда

22 Jun 2021

Во саботата (19 јуни) беше отворен новиот маркет „Рептил“ во скопската населба Автокоманда, на улицата Јани Лукаревски, бр. 5.

Овој продажен објект го водиме како маркет бр. 19. Тој се случи непланирано. Маркетот бр. 18 е објектот во Влае, кој планираме да го отвориме на 30 јуни, изјавија за InStore од „Рептил“.

Новиот маркет е на површина од околу 80 квадратни метри внатрешен дел и околу 20 квадрати надворешен, отворен дел, во кој се сместени пијалаци, овошје и зеленчук. Магацинскиот простор зафаќа околу 6 квадратни метри. Потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси, а за услугата е задолжен тим од 9 вработени.

Како што соопштуваат од „Рептил“, овој маркет е со помал број артикли, односно со скратен асортиман, но сепак за таа квадратура понудата е широка – околу 4.000 производи.

Со добар персонал, врдени и лојални вработени, се надеваме дека ќе успееме да се избориме со кризата. И понатаму ќе останеме маркети со најдобра услуга, истакнуваат од малопродажната компанија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...