Македонија

Летна наградна игра на „Веро“

22 јун 2021

Почнувајќи од 20 јуни и заклучно со 30 јули, купувачите во „Веро“ можат да учествуваат во „Веро летна дестинација за наградна акција”. Секоја сабота има награди како електричен тротинет или ЛЕД-телевизор, а сите можат да се натпреваруваат за последниот модел на тојота „јарис“.

Во рамки на големата наградна игра, покрај новиот автомобил, „Веро“ доделува и скутер, по шест електрични тротинети, телевизори, машки и женски велосипеди, по 12 мобилни телефони и скари, 30 часовници, како и по 30 вредносни ваучери од 2.000 и 1.000 денари. Вкупно, во рамки на оваа голема наградна игра ќе бидат доделени повеќе од 120 вредни награди.

Во „Веро летна дестинација за наградна акција” може да се учествува со секоја сметка над 300 денари, во која што се вклучени означените промотивни продукти. Сите заинтересирани учесници ќе добијат купон којшто треба да се пополни и остави во означените кутии во Веро-маркетите. Секоја сабота ќе се доделува по еден електричен тротинет Hamachi ET-A9, телевизор Fuego 43 инчи Full HD SMART LED, машки велосипед Max Skywar, женски велосипед Max Cruiser, два мобилни телефони Xiaomi Redmi 9, две електрични скари Adler AD 6610, пет рачни часовници Casio, пет вредносни ваучери од 2.000 денари и пет вредносни ваучери од 1.000 денари.

Редовните викенд-извлекувања ќе се одвиваат во „Веро центар“ во Скопје секоја сабота во 12 часот. На 31 јули, пак, ќе се одржи најзначајното извлекување, кога ќе бидат откриени двајца најсреќни добитници на двете главни награди – автомобилот на годината, тојота „јарис“ и скутерот Hamachi. Имињата на среќните добитници редовно ќе се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на „Веро“ маркети, а дополнително, лицата што освоиле награда, информации ќе можат да добијат и во самите маркети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...