Македонија

Светската економија ќе закрепне во 2022 година

14 Jun 2021

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги претстави своите анализи поврзани со трендовите на светската економија, според кои може да се очекува глобално закрепнување во текот на 2022 година.

Организацијата со седиште во Париз посочува дека глобалното производство ќе порасне за 5,8 проценти оваа година, што е значително повеќе од предвидувањата од декември 2020 година, кога се предвидуваше раст од 4,2 проценти.

Покрај растот оваа година, глобалното производство очекува раст и следната година, а растот се предвидува да биде 4,4 проценти, со што производството ќе се врати како во пред пандемискиот период.Сепак, ОЕЦД предупреди и дека глобалното закрепнување на економијата ќе биде нерамномерно, а животниот стандард во многу развиени економии сепак ќе биде далеку под очекуваните предвидувања пред пандемијата.

Според новите предвидувања на ОЕЦД, САД можат да очекуваат позначителен раст благодарение на фискалниот стимул и програмата за вакцинација на коронавирус. Истите предвидувања се однесуваат на Кина, а во помала мера и на Германија.

Покрај тоа, ОЕЦД во извештајот наведува дека производството во земјите кои се потпираат на туризмот ќе биде значително под нивото на пред-пандемијата. Дефицитот исто така ќе биде забележан во земјите во развој чиј пазар е првенствено поврзан со Индија.

На долг рок, штетата од производствениот капацитет може да има најголемо влијание врз земјите од Г7, особено Велика Британија, каде влијанието на пандемијата врз економијата ќе биде исто толку штетно како што беше Брегзит, соопштија од ОЕЦД.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...