Македонија

„Рамстор Мол“ го слави својот 16 роденден

08 јун 2021

Оваа година „Рамстор Мол“ слави 16 години постоење на македонскиот пазар. По повод роденденот, од „Рамстор Мол“ најавија попусти, акции, промоции и богата содржина во самиот објект во текот на секоја недела од месецот. 

Роденденската програма ја започнува со Денови на книгата, со богата содржина и големи попусти на сите изданија од голем број на македонски издавачи и книжарници. Во овој месец следуваат и моменти за паметење во кој одбележуваме и недела во која ќе ги прикажеме овогодинешните матурски и апсолвентски таблоа. Во текот на прославите одбележуваме и недела посветена на историскиот настап на македонската фудбалската репрезентација на Европското првенство, проследен со многу подароци. Во пресрет на доаѓањето на летото, прославуваме и недела на таткото, во која ќе имате можност да го изберете совршениот подарок за својот татко. Последната недела од месецот, воедно и последната недела од роденденската прослава ја заокружуваме со недела на подарувањата, во која ве очекуваат голем број на изненадувања и подароци, соопштија од „Рамстор Мол“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...