Македонија

„Бимилк“ го одбележа Светскиот ден на млекото со донација за семејствата кои добија принова

02 Jun 2021

Светскиот ден на млекото – 1 јуни, „Бимилк“ како најголема компанија во млечната индустрија во земјава го одбележа со донација за сите семејства кои вчера добија принова во најголемите родилишта во земјава – Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, како и Клиничката болница во Битола.

Донацијата се состои од Битолско млеко и Битолско млеко со 10 витамини.

Одбележувањето на Светскиот ден на млекото произлегува од важноста на млекото како глобална секојдневна храна. Во таа насока е и нашата донација, како поддршка на семејствата што добија принова, да се чувствуваат енергично и здраво во овие важни моменти, затоа што грижата за децата, посебно за новороденчињата секогаш започнува од грижата за себе, за сопствената психичка и физичка виталност. Но, исто така и да потсетиме дека млекото е единствената храна што ја примаме од првиот ден и во текот на целиот живот, токму затоа што се неопходни придобивките од млекото за организмот од секоја возраст, соопштија од „Бимилк“.

Дополнително, сите новороденчиња од „Бимилк“ добија и радосници, каде што нивните родители ќе може да ги забележат првите моменти од животот.

Донациите на „Бимилк“ по повод светскиот ден на млекото се веќе традиционални. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...