Со состојба до 30-ти април 2021 година, во Агенцијата за вработување (АВРМ) се евидентирани 17.005 невработени лица, за кои одјавата од задолжителното осигурување е регистрирано во периодот после 11-ти март 2020 година, односно во време на ковид-кризата.
Ова го потврди директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири на прес-конференција.
Тој ги претстави новите можности за аплицирање за мерките и програмите од Оперативниот план, за кои огласите се веќе распишани.
Владата дава дополнителна можност на сите заинтересирани невработени лица и работодавачи да аплицираат за мерките и програмите од Оперативниот план за 2021 година. Јавните огласи за мерките самовработување, субвенционирање плата, практиканство, обука на работно место за познат работодавач и програмата за јавни работи се објавени денеска и може да се аплицира до петок, односно 28 мај, рече Демири.
За мерката „самовработување“ аплицирале 2523 лица, што е поголем број од предвидените 1762, кои што ќе бидат доделени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.