Македонија

„Киппер“ го отвори релоцираниот маркет во Боговиње

11 May 2021

Вчера (10 мај) беше отворен новиот објект во Боговиње, кој всушност е релокација на 12. маркет „Киппер“.

Новата локација на 12. „Киппер“ е на улицата 101, бр. 100, односно на регионалниот пат Тетово – Пирок. Вкупната површина на новиот маркет изнесува 850 квадратни метри, од кои 650 квадрати се продажен простор, а преостанатите се користат како магацин. Пред објектот има и простан паркинг-простор, на површина од 1.060 квадратни метри.

Асортиманот го сочинуваат 2.250 производи, а освен редовната понуда, во новоотворениот маркет има и месарница со свежо месо, овошје и зеленчук, алати за чистење, садови за домаќинството и детски играчки. Бројот на вработени е 13, а потрошувачите се услужуваат на 5 наплатни каси.

Плановите се за проширување во источниот дел на Македонија. Имено, во Струмица и во Радовиш ќе бидат следните маркети во тој дел. Во западниот дел, првпат ќе отвориме продажен објект и во Дебар, изјавија за InStore од менаџментот на „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...