Македонија

„Квенбергер логистик“ најави нов логистички капацитет во Ќојлија

29 Apr 2021

По повод 25 години работење во Македонија „Квенбергер логистик“ најави нова инвестиција во логистички капацитет од 11.000 м2.

Првично компанијата на македонскиот пазар оперираше под називот Greshake Transport – Glandorf Германија, со десетина вработени со вкупно 6 возила под сопствен менаџмент. Во 2003 година се отвара и првиот логистички центар во Штип со површина од 5.000 m2. Десет години подоцна се отвора канцеларија во Скопје, вели управителот Трајан Ангелов, кој управува со компанијата од почетокот.

По многу промени, предизвици, денес „Квенбергер логистик“ брои 200 вработени и оперира вкупно 25.000 м2 логистички капацитети на четри локации низ Македонија. Во делот на меѓународниот превоз на месечно ниво се реализираат 500 превози, а во делот на царинењето месечно се изготвуваат и до 1.000 царински декларации. На локално ниво дневно се оперира со 50 возила низ државата.

Покрај постојната логистичка инфраструктура, „Квенбергер логистик“ најави отварање на нов „state of the art“ логистички капацитет од дополнителни 11.000 м2 со 18.000 палетни места во Ќојлија. Се очекува да биде готов кон средината на следната година.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...